Луѓето со псоријаза имаат генетска предиспозиција за оваа болест, која најчесто се одразува со промени на кожата на лакотот, коленото, скалпот ,половинат и сл. Псоријазата се манифестира како осип кој се состои од темно розови испакнати дамки покриени со бели лушпи. Причината за појавување на псоријаза е непозната, но сепак познато е дека во основа се работи за намален имунитет и големо психосоматско влијание бидејќи проблемот се зголемува со нервозата и стресот.

Состојки: 

-Цветови од кантарион

-Цветови од невен

-Маслиново/сончогледово масло

-Масло од смрека

-Масло од лаванда

Подготовка:

Во еден литар шише или тегла се ставаат цветови од кантарион и ситно сечкани цветови од невен. Тогаш се додава маслото, најдобро маслиново или сончогледово. Садот треба да стои на место каде што има сонце 3-4 недели. Потоа се додаваат 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Сето тоа се промешува добро.

Ставајте на болните места 1 до 2 пати на ден. Маслото може да се користи и кај други кожни заболувања: егзема, лишаи, сува кожа, красти, изгореници и сл.