Облоги од ѓумбир ја лекуваат постојаната кашлица и ги прочистуваат белите дробови на пушачите. Облоги од ѓумбир е решението кое мора да го пробате доколку страдате од болести на дишните патишта. Ова е прородно средство кое со сигурност ќе ви помогне да ги надминете вашите здравствени проблеми од ваков тип.

Императорот Хуанде имал своја книга каде што ги запишувал лековитите растенија и рецептите со кои се лекувал. Во него има и теоретски знаења акумулирани во древна Кина, така и практични совети. Од неговите рецепти за денес ги избравме облогите со ѓумбир. Овој метод е многу ефикасен и може мн лесно да ја отфрли слузта и кашлицата со која е пропратена.

Потребни состојки:

-мед
-ѓумбир
-брашно
-растително масло
-салфетка
-газа
-селотејп

Начин на приготвување:

Првин се меша брашното со мала количина мед, за да оваа комбинација стане како тесто за пита. Потоа се додава ѓумбир. Количеството на ѓумбир не смее да биде повеќе од 1-2 лажици, во рендана состојба. Оваа мешавина подоцна ќе се користи за компресија. Не е дадена точнита тежина на останатите состојки, бидејќи сето тоа зависи од густината на медот. Додадете малку растително масло и направете форма колку вашата дланка.

Потоа смесата ставете ја на салфетка, а салфетката во газа. Намачкајте го местото на кое ќе се стави облогата со кокосово масло или свинска маст. Местото каде што ќе биде леплива лента, да е суво, за да може да се прицврсти. Во никој случај не правете ги овие три работи:

– не оставајте детето да спие со облога од ѓумбир.
– не ја ставајте облогата во близина на срцето.
– не ја користете облогата повеќе од три вечери.