brookies_hero[1]

Нека не ве лаже името. Со овој рецепт нема воопшто да се посрамите, напротив, сите ќе ги воодушевите. Името е изведено од англиските brownies и cookies – brookies – двата различни слоеви од кои е направен овој десерт.

Потребни состојки:

За прв слој
¾ шолја бел шеќер
¾ шолја кафеав шеќер
1 шолја стопен путер
1 лажиче ванила
1 јајце
2 ¼  шојли брашно
½ лажиче сода бикарбона
2 шолји чоколадни чипси

За втор слој
2/3 шолја путер
120 g чоколадо за готвење
1 ¾  шолји шеќер
2 лажички ванила
3 јајца
1 шолја брашно

За првиот слој: Во длабок сад измешајте ги шеќерот, омекнатиот путер, ванилата и јајцето со дрвена лажица или миксер додека не добиете пенеста смеса. Додадете брашно, сода бикарбона,  сол и чоколадни чипси. Распоредете го рамномерно тестото на дното од тавата која е обложена со алуминиумска фолија.

За вториот слој: На тивок оган со постојано мешање растопете ги путерот и чоколадото, а потоа оставете ги да се изладат. Со миксер матете ги шеќерот, ванилата и јајцата 5 минути.  Потоа додадете ги стопените чоколадо и путер и брашното  и матете додека добро не се измешаат. Смесата ставете ја во тавата врз првиот слој.

Печете во претходно загреана рерна на 200 oC, 45-50 минути или додека тестото не започне да се одлепува од рабовите на тавата. Оставете го да се излади 2 часа, а потоа исечете го на коцки.