Fab-You-Bliss-How-To-Make-Handmade-Soaps-09
Можеби се сеќавате како вашите баби правеле домашен сапун со свинска маст. Правењето на сапун е мошне едоставен процес при кој сами можете да ги изберете состојките кои ќе ги користите и миризбата кој сакате да ја добиете. Единствената состојка која не се менува при правењето на сапуни е „живата сода“ или NaOH, која е и опасна за работа бидејќи може да предизвика изгореници. Затоа треба доста да се внимава и да се следат упатствата при работа со неа.

Потребни состојки
2/3  шолја кокосово масло
2/3 шолја маслиново масло
2/3 сончогледово (или некое друго масло)
¼ шолја жива сода (NaOH во кристали)
¾ шолја студена вода (најдобро дестилирана)
¼ шолја сушени тревки (лаванда, камилица и сл.)
1 лажица есенцијално масло (по избор)

Пред да се започне со работа добро е да се заштити површината со весник, да се стават ракавици на рацете и очила. Потребната вода се става во садот, а потоа постепено во водата (никако обратно) се додава живата сода. Се меша со метална (не алуминиумска или пластична) лажица. Се меша до избистрување на течноста. Притоа, треба да се внимава да не се вдишува пареата што се создава. Во случај да ви капне NaOH врз кожата, веднаш измијте го местото со силен млаз вода и ставете киселина (оцетна) на местото, за да се неутрализира.

Измешајте ги маслата во еден сад и загрејте ги неколку минути во тенџере наполнето со малку вода. Потоа  маслата и растворот од жива сода треба да се изладат до 35-45 oC. Ако се изладат премногу сапунот може да биде кршлив.

Маслата и живата сода се смешуваат во поголем сад и се меша околу 5 минути, а потоа може да се продолжи и со блендер. Кога смесата ќе наликува на пудинг, се престанува со мешање. Сега може да се додадат различни тревки и есенцијални масла за да се добијат различна структура и миризба на сапунот.

Истурете ја смесата во калапи, затворете ги со пластична фолија и замотајте ги калапите со крпи за да не бега топлината и да започне процесот на сапунификација. Оставете ги калапите да стојат 24 часа а ако и понатаму се топли и меки  уште 24. Кога ќе се цврсти и изладени можете да ги сечете на парчиња. Вака исечени се оставаат да отстојат уште 4 недели, пришто, секоја недела сапунот се врти за двете страни да се изложуваат на воздух. Потоа парчињата се виткаат во хартија за печење за да се спречи собирање на прашина.