Денес, дури и повеќе од минатото, нашето внимание е насочено кон квалитетот на храната што ја поставуваме на трпезата и како таа е приготвена.

А сепак, понекогаш не сме свесни дека всушност одредена храна ја консумираме на погрешен начин. Аспарагусот, јагодите, јогуртот и гравот се здрава храна, но честопати не ги јадеме правилно и затоа не ги внесуваме во целост нивните хранливи вредности.

Во продолжение ви откриваме 11 видови на храна кои најверојатно сето ова време сме ги консумирале погрешно:

1. Ленено семе

Семиња од лен содржат влакна, омега-3 киселини, лигнани и фитонутриенти, кои сите тие се вредни елементи за организмот. Сепак, нашето тело не е во состојба да ги преработи кога се консумираат цели. Ова е причината зошто тие треба да бидат сомелени пред да бидат проголтани, така што тие нема да ги загубат своите корисни својства.

2. Аспарагус

Аспарагусот никогаш не треба да се готви во микробранова печка, дури и кога имаме малку време за готвењето, бидејќи овој начин ја осиромашува содржината на витамин Ц во овој зеленчук, а тоа се должи на фактот дека хранливите материи се растворливи во вода. Идеален начин да се приготват стебленцата од аспарагусот е готвење на пареа или пржење, така што тие ќе ќе бидат меки и крцкави.

3. Киви

Кората на кивите содржи висока концентрација на хранливи материи, особено влакна, фолити и витамин Е. Целосното консумирање на кивите, вклучувајќи ја и нивната кора, ја зголемува содржината на влакна, витамин Е и фолат за 50%, 32% и 34%. Бидејќи многу луѓе не консумираат доволно од овие хранливи материи во своето секојдневно мени, консумирањето киви заедно со нивната кора е еден одличен начин за внес на сите тие вредни елементи.

4. Домати

Доматите е еден од видовите на хранат кои треба да се консумираат во варена форма, за да имаме комплетна корист од нивните хранливи материи како ликопен кој штити од тумори и срцеви заболувања. Хранливите материи се зголемуваат ако ги загреете доматите на околу 90°С.

5. Црн чај

Црниот чај е еден од најчесто консумираните пијалоци, но внимавајте да не го мешате со млеко. Млечните производи не влијаат на антиоксидансите што ги содржи чаот, но тие ги блокираат кардиоваскуларните придобивки од чајот, бидејќи млечните протеини ги претвораат чајните протеини во хранливи материи потешки за апсорбирање.

6. Јагоди

Јагодите се богати со растителни влакна, антиоксиданти и витамин Ц, слични на повеќето црвени овошја. Бидејќи на организмот му се потребни овие хранливи материи, овие плодови никогаш не треба да се складираат исечени. Кога јагодите ќе се исечат, тие стануваат чувствителни на светлина и кислород и многу лесно ги губат своите хранливи материи.

7. Брокула

Брокулата е една од оние намирници што секогаш треба да се јадат свежи или приготвени на пареа. Со варење или пржење, тие губат витамин Ц, хлорофил, антиоксиданти и анти-карцином соединенија, кои се неопходни за организмот.

8. Грав

Гравот содржи антиоксидантни соединенија наречени фитати, но овие соединенија се врзуваат за витамини и минерали кои се содржат во храната и не можат да се апсорбираат од страна на организмот. Добро е да ги оставите потопени во вода преку ноќ, така што истите ќе ослободени од непотребните материи.

9. Лук

Лукот содржи алицин, антитуморен ензим кој ја зајакнува својата јачина со изложеност на воздух. Ова е токму причината зошто лукот треба да се исецка пред да се користи, а потоа да се остави да се отстои најмалку 10 минути. На тој начин, неговите придобивки ќе бидат неверојатни.

10. Јогурт

Водената супстанца која често се наоѓа на врвот на јогуртот веднаш штом се отвори садот се нарекува сурутка, која содржи протеини и витамин Б12. Затоа, никогаш не треба да се фрла во мијалникот. Пред да консумирате јогурт, најпрво промешајте го истиот целосно.

11. Краставици

Подобро е да се консумираат краставиците заедно со нивната кора, со оглед на високото ниво на влакна. Меѓутоа, доколку не сте сигурни во потеклото на зеленчукот и не можете да го измиете темелно, подобро е да ја отстраните кора за да избегнете внес на пестициди или бактерии.