Еве го златниот режим на Лепа Брена, благодарение на кој успева да изгледа како девојка и на 58 години
Лепа Брена не случајно го носи прекарот „лепа“ што во превод значи убава. Сите ние сме сведоци дека легендарната пејачка изгледа прекрасно и беспрекорно, дури и на 58 години.
На возраста на која повеќето дами од светот на славните, започнуваат да го занемаруваат нивниот изглед, Лепа Брена може да се пофали со завидна фигура, на која може да й позавидат многу млади жени.
Популарната српска пејачка го одржува нејзиниот младешки изглед со практикување на бројни вежби, а сега ја открива и тајната за нејзината безвременска убавина.
Покрај тоа што практикува многу вежби, таа избрала да води и здрав начин на живот и исхрана. Нејзиниот ден започнува со јога, а секоја вечер консумира една иста храна.
Лепа Брена ги советува сите оние кои сакаат да имаат и да го задржат младешкиот изглед е да консумираат овесни јатки со ленено семе во комбинација со капини и малини. Пејачката истакнува дека овој вид на храна веќе станала нејзина нутритивна традиција.
Брена веќе одамна има исфрлено секакви млечни производи од своето дневно мени.
„Веќе со години научив да водам живот на војник и да бидам строга кон себеси. Одамна се откажав од животните задоволства. Ми паѓа смешно кога некои луѓе ќе ми речат- ако не јадам, не пијам и не пушам, тогаш за што живеам? Постојат многу причини за кои се живее. Се научив да бидам умерена во исхраната и да избегнувам многу работи кои се сметаат за наши балкански задоволства“- вели Лепа Брена.
Пејачката исто така истакнува дека ја намалила консумацијата на месо.