Американците трошат повеќе од 250 милиони долари годишно на лекови за често проблем како што е опстипацијата. Иако може да биде фрустрирачка и болна, во повеќето случаи се појавува затоа што не консумирате доволно хранливи влакна, или стее дехидрирани.

Денес ви откриваме 6 брзи начини како да ставите крај на оваа непријатна здравствена состојба и на крај не го пропуштајте бонусот во кој ќе прочитате за погрешната седечка положба на тоалетнат школка, која исто така може да придонесува за развој на овој проблем.

1. Пијте чај од мед и лимон

Подгответе чај со додавање на мед и лимон во вода. Медот е лаксатив и исто така помага да се намали киселоста на чајот предизвикан од лимонот. Лимонот делува како природен стимуланс на дигестивниот систем и помага во испуштање на токсините од организмот.

2. Пијте многу вода

Мажите треба да пијат најмалку 3,7 литри течност, а жените 2,7 литри на ден. Тоа е затоа што тврдата, сува столица е најчеста причина за опстипација и пиењето доволно вода ќе го одржи телото хидратирано и ќе го олесни поминувањето на столицата. Водата и природните овошни сокови се најдобри за борба против опстипацја. Соковите од круша и јаболко се благи природни лаксативи, со кои нема да погрешите доколку ги изберете.

Избегнувајте пијалоци со кофеин и газирани сокови, бидејќи тие се диуретици, и наместо да го хидрираат вашето тело, тие всушност испуштаат повеќе течности од вашето тело.

3. Консумирајте повеќе храна богата со хранливи влакна

Храната со хранливи влакна делува како природен лаксатив. Тие им помагаат на вашата столица да задржи повеќе вода и полесно да се свари. Треба да вклучите најмалку 20-35 грама хранливи влакна во вашата дневна исхрана за да ги одржите работите во нормала. Извори на храна, богати со хранливи растителни влакна, се јаболката, смоквите, житните култури и црниот грав.

Семето и оревите како тиква, сусам, сончоглед или ленено семе, исто така, се добри извори на растителни влакна. Сепак, не се препорачува да се консумира ленено семе, ако страдате од нарушувања на крварење, интестинални опструкции или висок крвен притисок. Бремените мајки и доилки, исто така, треба да го избегнат овој вид на храна.

4. Консумирајте сливи

Не само што сливите се богати со хранливи растителни влакна, туку тие содржат и сорбитол, шеќер што природно ја олеснува столицата и ефикасно го решава проблемот со опстипација. 100 грама сливи имаат 14,7 грама сорбитол. Доколку не претпочитате да ги консумирате сливите во свежа форма, можете едноставно да се напиете чаша сок од истите. Иако сокот содржи помалку растителни влакна од овошјето, сепак трикот ќе биде исто ефикасен

Исто така треба да знаете дека сливите делуваат доволно брзо, веднаш откако ќе бидат изедени.

5. Вклучете јогурт во вашите оброци, но држете се подалеку од другите млечни производи

Иако се препорачува да се држите подалеку од млечни производи ако страдате од опстипација, јогуртот е исклучок. Јогурт содржи пробиотици како што се билфидобактериум лонгум и бифидобакетериум анималис, за кои истражувањата покажале дека имаат извонреден ефект и значително помагаат во решеавање при состојба на опстипација

Бонус: Постои правилна позиција за седење на тоалетната школка

Седењето со грб исправени под агол од 90°С, со бутовите е многу вообичаено додека седите како залепени за тоалетната школка. Но, ова е погрешно држење на телото. Преминот за дефекација станува тесен поради влечењето на пубуректалниот мускул. Тоа е мускулен опсег што поставен на крајот на дебелото црево. Кога бутовите и колковите се под агол од 90°С, овој мускул е затегнат и не дозволува дебелото црево да се отвори правилно. Правилниот начин да седите е да се потпрете така што ‘рбетот е под агол од околу 35°С во однос на бутовите.