Порака до сопругата: „Јас сум љубовницата на твојот маж, која те загрижува, а ти си поглупава отколку што мислев!“
„На телефонот стаса порака од странски број. Во истата пишуваше дека огромна сума е уплатена на банкарската сметка. Нормално, во глава ми се појавија куп прашања.“…Прочитајте ја во продолжение приказната на една изневерна жена.
Мојот сопруг Сергеј во тој момент спокојно одмараше на креветот, а веќе следниот ден тој имаше службено патување.
-„Миличок?“ – му ја покажував пораката на телефонот. Му потенцирав дека е напишана на странски јазик.
-„Знаеш ли кој би можел да го направи ова?“- Погледна и малку се изнервира. Но, истовремено се трудеше да изгледа безгрижно, читајќи ги најновите вести на неговиот телефон, но некако побрзо, без дури и да погледнува детално содржините.
-„Покажи ми“- рече Сергеј, протегнувајќи ја раката кон телефонот, расеан од читањето. Му го дадов телефонот, а тој сега подобро погледна и се налути уште повеќе. И јас се налутив. За да споредам, го запишав бројот и му го вратив телефонот.
-„Не, немам претстава. Сигурно се измамници“- рече Сергеј
-Тогаш утре ќе отидам во банката и ќе откријам од кое име се пратени тие пари“- одговорив јас.
-„Чекај малку!“- видно се изнервира Сергеј и ме дофати за рамената. Ми рече дека нема потреба да се заморувам јас, туку дека тој утре ќе ги среди сите работи.
Тоа ми беше сигнал дека нешто не е во ред. Воедно, Сергеј беше невообичаено возбуден и среќен што ми имаше купено билет, за да отидам да се прошетам во мојот роден крај, за празниците. Му реков дека јас не сум толку среќна, бидејќи имам други планови, но тој започна да се нервира.
Му предложив, бидејќи тој беше повозбуден, самиот да отиде наместо мене на одморот. Бидејќи имав некакво претчувство, го откажав патувањето.
Откако Сергеј дозна дека ќе останам дома за време на викендот, видно се налути. Го зеде телефонот и вознемирено се допишуваше со некој. Не го прашав со кого, но очигледно беше се расправаше со некого т.е со другата страна, со која се допишуваше.
А потоа стаса порака на мојот телефон. Во истата пишуваше: „Здраво Марина, јас сум саканата жена на Сергеј, која толку многу те загрижува. Малку сум уморна од сè и затоа сакам да ти кажам дека јас ги испратив парите.
Се надевам дека знаеш и зошто. Но, ти се покажа како поглупава отколку што мислев дека си. Судејќи по приказните што ми ги раскажуваше Сергеј, не си многу добра личност. Затоа ќе бидам отворена и директна. Сергеј планираше да дојде сам, а службеното патување беше измислица. Но, ти си го откажала твоето патување. За неколку часа да си отидеш и засекогаш да заминеш од нашиот живот“.
Од целата таа ситуација, бев среќна само поради една работа. Куќата и имотот беа во моја сопственост, а во гаражата стоеше автомобилот на мојот татко.
За среќа, ова недоразбирање и илузија во кое јас живеев три години, сега конечно заврши. Се прашувам само колку ли пати има отидено на вакви наводни службени патувања.
Се обидов дури и да пресметам, ама престанав откако стасав до 10-то лажно патување. Која глупачка сум била јас…“