За прочистување на цревата од токсини и отрови, потребни ви се само овие 2 златни домашни состојки
Во цревата се преработуваат разни видови на храна и течности, кои во организамот може да се наталожат поради лоша и неквалитетна дигестија.
Како резултат на тоа, акумулираните токсични отпадоци може да предизвикваат воспаление, а тоа да резултира со појава на бројни здравствени проблеми.
Симптоми кои покажуваат на присуство на токсини во организамот
- Присуство на воспалителни процеси при горните дишни патишта и воспаление на дигестивниот тракт
- Гастритис
- Улцеративен колитис
- Лоша состојба на косата и ноктите
- Бубрежно заболување
- Проблеми со слухот и видот
- Артритис
- Висок холестерол
- Воспаление на дванаестпалечното црево
Како да ги прочистите цревата од токсини
Многу луѓе, обидувајќи се да го прочистат организамот т.е сами да ги прочистат цревата, често практикуваат клизма. Но, за жал, преку истата, може да се прочисти само мал дел од дебелото црево, односно 40-50 цм од цревата, а нивната вкупна должина изнесува невеоројатни 7 метри.
За таа цел, ви откриваме како ефикасно и природно, без штетни последици, користејќи еден поразличен метод и да го употребувате во период од 3 недели.
Како да го подготвите домашниот лек за прочистување на цревата
Прва недела: Измешајте 1 супена лажица брашно од ленено семе со 100 мл кисело млеко или кефир.
Втора недела: Измешајте 2 супени лажици брашно од ленено семе со 100 мл кисело млеко или кефир.
Трета недела: Измешајте 3 супени лажици брашно од ленено семе со 150 мл кисело млеко или кефир.
Овој едноставен рецепт ќе ви помогне за прочистувње на цревата и целокупниот дигестивен систем од непотребните наталожени токсични материи, како и паразити, кои имаат тенденција со текот на времето, да се акумулираат во организамот.
Доколку не можете да пронајдете брашно од ленено семе во вашиот омилен маркет, без грижи. Можете истото да го приготвите во домашни услови, а за тоа ќе биде потребно да купите ленени семиња и едноставно да ги сомелете во блендер.
Се препорачува оваа постапка да ја правите секојдневно, за да лененото семе се консумира во свежа форма. Истовремено, не заборавајте добиеното брашно да го складирате во ладилникот.
Како да го употребите домашниот лек за прочистување на цревата
Се препорачува домашната смеса да се консумира секое утро на празен стомак. Практикувајте го овој третман во временски период од 3 недели, а истовремено потребно е да консумирате до 2 литри вода дневно.
Овој лековит третман треба да се практикува 1-2 пати на годишно ниво.