Овие 6 знаци откриваат дека вашиот партнер повеќе не е заљубен во вас
Делата зборуваат многу повеќе од ветувањата и кажаните зборови.
Иако партнерот можеби ќе ви каже дека ве сака кога ќе му се обратите, тоа за жал не значи дека тој мисли и се чувствува така. Многу често во љубовните исповеди можеме да прочитаме и да слушнеме како жените разочарано зборуваат како мислеле дека нивниот партнер ќе ги сака вечно, иако реалноста се покажала како сосема поинаква.
Иако љубовниот занес никогаш не трае повеќе од неколку месеци, сепак искрената љубов на партнерот треба да биде постојана, кога станува збор за сериозните врски.
Доколку вашиот партнер ги прави овие работи, тоа значи дека тој веќе не ги споделува истите романтични чувства кон вас, како на почетокот:
1. Постојано му треба простор
На почетокот на вашата врска, вашиот партнер не можеше да се оддели од вас, а сега постојано има изговори зошто не може да пронајде слободно време да помине со вас, без разлика дали како изговори ја користи работата, зафатеноста, дека има главоболка и слично. И, кога тој поминува извесно време со вас, тој се однесува премногу тивко и целиот однос изгледа како тоа да било само ваша желба. Една врска дефинитивни не треба да функционира на овој принцип, затоа што не станува збор за бизнис, туку за интимен човечки однос.
2. Не се труди да покаже дека му е грижа
И покрај тоа што му дадовте суптилни или јасни знаци дека долго време не ви подарил букет цвеќе или чоколадо, тој се преправа дека не ве слуша и не прави ништо, а кога му се спротивставувате, тој делува агресивно и ве прави вие да се чувствувате виновна.
3. Тој зборува за вашата врска на негативен начин
Кога мажите, кои инаку се секогаш тука за да решат неко проблем или барем да се обидат да го решат, постапуваат како да нема повеќе надеж за една врска, тогаш ова мора да го сфатите како алармантен знак. Доколку се прашувате дали вашата врска воопшто вреди за да продолжите да се трудите и да ја спасите, тогаш ве охрабруваме да го направите првиот чекор и да скршите нешто што сигурно ќе заврши лошо за вас.
4. Тој не ви се јавува ниту ви пишува пораки
Повеќе нема порака за добра ноќ, ниту добро утро, не му е важно како поминавте на важен состанок или воопшто како го поминавте денот. Тоа значи дека вашиот партнер целосно го изгубил интересот кон вас.
5. Интимноста е изгубена
Вашиот љубовен живот не постои, држењето раце веќе е смешно и од време на време добивате бакнеж и прегратка – но запрашајте се дали ова е правилно?
6. Се плашите да му кажете како се чувствувате
Нешто ве мачи, но се плашите да го кажете тоа затоа што знаете дека ќе реагира насилно? Вие се измачувате само додека тој вешто ве манипулира. Кажете што и да ви падне на памет, и ако тој се грижи, ќе стори сé за да го промени тоа.