Рецепт од шипинки за здрава и сјајна коса
Во есен шипинките можете да ги најдете во изобилство. Најмногу содржат витамин Ц и тоа кога плодовите се светло црвени и цврсти. Во исушена состојба плодовите на шипинките можат да се чуваат и до две години, но само во добро затворени садови.
Состојки:
– Една шака плодови од шипки
– Mалку овесно брашно
– Лажица лимонов сок
Подготовка:
Во водата во која се варело овошјето се додава малку овесно брашно, а потоа и лажицата лимонов сок. Смесата се нанесува на сува коса и се остава да отстои половина час.
Од шипинка се прави исто така мармалад, џем, сок, дури и вино. Исто така лековито дејство за општото здравје има и еликсирот од шипинки кој може да се пие и наместо вода. Во тегла која може да собере до 3 литра, се додаваат цели плодови од шипинки, потоа додадете 700 гр. шеќер, половина пакетче квасец за леб и дополнете со вода. По 3-4 дена еликсирот е подготвен.