Одличен лек против надуеност, гасови во цревата и отежнато мокрење
Билката „ѓаволска уста“ претставува тревно растение, високо меѓу 60 и 100 см, со остри ромбоидни лисја и со цвет на врвот во розова или виолетова боја. Токму цветот(и понекогаш лисјата) се користи за подготовка на чаеви, напивки, облоги.
„Ѓаволска уста“ се користи при лекување на анемија, гасови во цревата, тешко мокрење, главоболка, замор, стрес, за намалување на крвниот притисок. Листовите помагаат при изгореници, затоа подгответе си облоги од оваа растение.
Билката е позната и како ефикасен лек кај женските проблеми, ја ублажува болната менструација, спречува инфекции на матката , лечи неплодност, помага за полесно минување низ климактериум. Во кинеската медицина исцелителителите ја применувале при нередовен циклус.
Познато е дека „ѓаволска уста“ има смирувачки ефект врз мазната мускулатура, што ја прави корисна и за срцето. Во повеќето случаи лековитата билка се комбинира со други билки, но секогаш треба да се внимава со дозата. Задолжително консултирајте се со лекар за тоа колкаво количество да земате.
Но најважно е дека никогаш не треба да ја земате во “сурова”, непреработена состојба, бидејќи е отровна!