Свекрвата се прикраде во болницата и прва го зеде бебето во прегратки, со што ја налути мајката
Секој план околку раѓањето на детето, како еден од најважните денови во вашиот живот, лесно може да биде пропратен со бројни изненадувања, но сепак на крај вие одлучувате кој сакате да биде покрај вас во тие моменти.
Затоа една мајка од Велика Британија се вознемири кога нејзината свекрва се прикраде во болницата и беше првата личност која го држеше новороденчето во прегратки.
Мајката на бебето, пред самото породување му рекла на својот сопруг дека не сака посетители по раѓањето.
Породувањето започнало, но набрзо работите се искомплицирале. Идниот татко бил многу исплашен и ја повикал својата мајка, која е лекар во истата болница. Наскоро и свекрвата пристигнала во одделот за опоравување.
„Не ме ниту прашаа дали е се согласувам и таа да биде присутна во просторијата и бидејќи сè уште требаше да останам со персоналот, таа ја држеше ќерка ми пред мене“- рече разочараната мајка. Покрај тоа што мајката се лути на свекрвата, таа исто така се лути и на сопругот кој тоа го дозволил.
Таа ја сподели својата фрустрација со Интернет корисниците британскиот форум за родители „Mumsnet“. Другите мајки ја поддржуваа велејќи дека е во право.
„Имате апсолутно право да се чувствувате повредени и лути. Вие исто така имате право да бидете лути на сопругот кој не ви ја дал потребната поддршка.“- напишала една мајка.
Кое е вашето мислење за оваа ситуација?