6 ситуации при кои вашиот подуен стомак може да крие нешто многу посериозно
10% до 30% од светската популација страда од стомачна подуеност. Лоша дигестија, менструација, опстипација алергии на храна се најчести причини за нејзината појава, која често е привремена.
Меѓутоа, доколу подуеноста стане хронична, тогаш тоа може да индикатор за нешто многу посериозно и во тие ситуации, потребно е да посетите лекар, без притоа да се обидувате да ја излечите подуеноста самостојно.
Денес ви откриваме 6 сериозни здравствени проблеми кои може да бидат причината за појавата на стомачната подуеност:
1. Инфекција на уринарниот тракт
Инфекција на уринарниот тракт може да ве натера да чувствувате потреба од почесто мокрење. Понекогаш дури може да предизвика кај личноста повторно потреба од мокрење, иако штотуку веќе била во тоалет. Може се појави и чувство на притисок во абдоменот, болка или подуеност. Може да имате и треска, чувство на гадење и повраќање.
Стомачната подуеност, исто така, може да биде предизвикана од сериозни инфекции на бубрезите.
2. Заболување на црниот дроб
Заболувањето на црниот дроб, што може да биде предизвикано од употреба на алкохол или причината да биде хепатитис Ц или рак, односно здравствени состојби кои може да доведе до создавање и акумулирање на течности, што резултира со појава на подуеност. Доколку подуеноста е предизвикана поради проблем во црниот дроб, тогаш исто така може да се чувствувате уморни, да забележите појава модринки лесно или да развиете жолтица. Доколку станува збор за таков случај, тогаш е неопходна итен лекарски преглед.
3. Воспалителни заболувања на цревата
Воспалителна болест на дебелото црево е воспалителна состојба која главно влијае на дебелото и тенкото црево. Ова може да предизвика дијареја, болки во стомакот, па дури и подуеност.
Исто така, бројни истражувања покажаа дека луѓето со Кронова болест имаат поголема веројатност да бидат нетолерантни на лактоза. Нетолеранција на лактоза може да предизвика формирање на гасови, кои потоа можат да доведат до стомачна подуеност.
4. Дивертикулитис
Дивертикулитисот претставува воспаление на малите торбички наречени дивертикули кои се развиваат по должина на ѕидовите на цревата. Симптомите вклучуваат ненадејна болка во долниот дел на стомакот. Во Азија, болката е обично од десната страна, додека во Северна Америка и Европа, таа е на левата долна страна.
Другите симптоми може да вклучуваат гадење, дијареја, опстипација и подуеност.
5. Рак
Постојат неколку органи лоцирани во абдоминалната област како панкреасот, желудникот, дебелото црево, матката и јајчниците. Доколку ракот се развие во еден од овие органи, тоа може да доведе до необјаснива стомачна подуеност. Затоа, доколку постојано присуство на подуеност и нагло зголемување на обемот на стомакот, наместо привремена подуеност, тоа би можело да биде ран симптом на рак.
6. Психичко здравје
Кога некое лице е под хроничен стрес, хормоните како кортизол можат да преовладуваат во организамот. Во ваква состојба, хормоните одговорни за дигестија не се произведуваат доволно, што може да доведе до лошо преработување на храната, што пак ќе резултира со подуеност.