Овој маж изгуби 3.5 килограми со само еден тренинг и еве како успеа во тоа
Фитнес инструкторот Ник Баре се подготвува за натпреварот „Железниот човек“ уште од Мај. Тој работи на својата издржливост и притоа постојано го споделува својот напредок и искуствата со своите фанови.
Како дел од неговите подготовки за идниот триатлон, тој загуби речиси четири килограми за време на едно шестчасовно вежбање.
Ник тренира 6 дена во неделата. Тој вози велосипед секој ден по 10 минути и 10 минути трчи, но за видеото што го објави, помина дури 4 часа во возење велосипед и притоа трчаше неверојатни 2 часа. На почетокот на тренингот, тој тежеше 90 килограми.
Возејќи велосипед, тој помина 109 километри, потоа посегна да се освежи со електролити и следно истрча уште 19 километри. На крајот, вагата покажа тежина од 86.4 килограми.
Ник, својот ден го заврши со доста калоричен оброк и ја замени изгубената течност со пиење неколку литри вода.