Само со гледање во вашите раце, може да откриете многу за вашето здравје
Рацете се едни од првите делови на телото на кои се манифестираат почетните знаци на стареењето, но исто така тие можат да откријат и одредени здравствени проблеми.
Лекарите велат дека состојбата на вашите дланки може да биде одразнна неколку медицински промени што се случуваат на вашето тело, а еве и кои:
1. Црвени дланки
Лекарите објаснуваат дека црвените дланки можат да укажуваат на проблеми со црниот дроб, особено ако имате над 50 години. Можна причина за појава на црвените дланки исто така може да биде и промената во хормонската рамнотежа што предизвикува проширување на крвните садови и појава ревматоиден артритис.
Обично, црвенилото се појавува на надворешната страна на дланката.
Доколку забележите црвени зони на вашите дланки, консултирајте се со вашиот лекар. Во меѓувреме, обидете се повеќе да консумирајте здрава исхрана и да го намалите внесот на алкохол.
2. Испотени дланки
Прекумерното потење (хиперхидроза) и стресот можат да бидат причини за испотените дланки.
Обидете се да го ограничите внесот на алкохол и научете да го контролирате нивото на стрес преку практикување на медитација или преку смирувачки техники на вдишување и издишување. Доколку сметате дека нешто сериозно не е во ред со вашето здравје, тогаш неопходно направете лекарска консултација.
3. Недостаток на чувствителност и чувство на трнење
Во некои случаи, овие симптоми на рацете може да бидат знак на посериозен проблем, како венска тромбоза, анемија или дијабетес. Доколку честопати чувствувате трнење на рацете без очигледна причина или сметате дека е намалена чувствителноста при вашите дланки, тогаш консултирајте се со вашиот лекар.
4. Суви раце
Најчестите причини за сува кожа на рацете се дехидрираност и недостаток на естроген. Пијте доволно вода и користете навлажнувачки креми, а воедно во вашето дневно мени вклучете риба, семиња и ореви.
5. Тресење на раце
Тресењето раце може да биде знак на сериозни здравствени проблеми, како што е Паркинсоновата болест. Друга причина за овој феномен е вознемиреност и голем стрес. Доколку тоа ви се случува често, посетете го вашиот лекар.
Во меѓувреме, ограничете го внесот на кафе и алкохол, бидејќи тие исто така можат да предизвикаат тресење на вашите раце.
6. Тенки, слаби и испукани нокти
Ваквата состојба на ноктите може да биде индикатор дека вашиот организам се соочува со недостаток на цинк. Цинкот е важен за нашето здравје, го стимулира заздравувањето на раните и го активира имунолошкиот систем.
Додадете храна богата со цинк како овес, ореви и месо во вашето дневно мени.