Овие 4 едноставни техники може да ви помогнат брзо и лесно да се ослободите од главоболката
Речиси половина од возрасната светска популација постојано се соочува главоболка, покажуваат статистичките податоци. Постојат многу причини за појава на главоболка, но како најчеста се смета стресот, кој опфаќа дури 1,6 милијарди луѓе.
Бидејќи главоболката не нè предупредува пред да се појави и може да започне во кое било време, без разлика каде и да се наоѓаме, за денес ви откриваме 5 едноставни техники, кои ќе ви помогнат лесно да се ослободите од оваа здравствена појава:
1. Промена на температурата
Топлата купка помага во релаксирањето на напнатите мускули и може да ја намали главоболката. Се разбира, не секогаш ќе имате слободно време да подготвите топла купка, но добра алтернатива за тоа се топлите облоги.
2. Терапија со смирувачки ароми
Одредени есенцијални масла, особено лавандата, можат да ја смират и ублажат главоболката. Нанесете од маслото и нежно масирајте го вашето чело, додека лежите релаксирано во тивка и затемнета просторија.
3. Пијте вода
Дехидрирањето е честа причина за главоболка. За да се ослободите од главоболките, важно е правилно да се хидрирате, што значи дека е потребно да консумирате најмалку осум чаши вода на ден. Сепак, прекумерната хидратација може да доведе до хипонатремија, состојба во која натриумот во крвта станува премногу разреден, што пак може да предизвика главоболки и чувство гадење.
4. Консумирајте чај од ѓумбир
Со векови, ѓумбирот се користи за лекување на главоболки, вклучувајќи ја и и мигрената. Неодамнешните совремни истражувања исто така ја докажаа нејзината ефикасност.