Речиси секоја домаќинка која ужива во готвењето, најверојатно чесот употребува и лук. Ароматичниот зеленчук не само што е вкусен, но е и исклучително лековит, заради неговите корисни својства.

Лукот додава посебен шарм на кулинарските специјалитети, а светските готвачи советуваат дека за да го искористиме најдоброто од истиот, со целиот негов квалитетен состав, најдобро е лукот да го употребиме во рендана форма.

Тој процес знае да биде навистина сложен, особено доколку имате малку подолги нокти. За таа цел, во продолжение ви откриваме, како ефикасно и лесно да го изрендадете лукот, без било какви потешкотии, а притоа да го извлечете максимумот од овој лековит зеленчук.

Станува збор за генијален трик, при кој е потребно само да го обвиткате со вообичаена фолија или најлонска ќеса. На овој начин ќе ги заштите вашите нокти и маникирот од било какви повреди, а целосно ќе успеете да го изрендате лукот.

Покрај тоа, подоцна ќе заштедите неверојатно многу време за миењето на рендето.