„Полнети пиперки какви што досега немав правено- Без месо се, но вкусот им е дури подобар од класичниот“
„Полнетите пиперки ми беа омиленото јадење во детството. Но, тогаш воопшто немав идеја дека може истите да се приготват на различен начин од класичниот!“
Полнети пиперки без месо
Доколку сакате да подготвите нешто старо, на нов начин, а притоа се грижите за вашата фигура, тогаш ова е совршениот рецепт за вас!
Потребни состојки
- 6 пиперки
- 5 големи моркови
- 2 главици кромид
- Половина супена лажица ореви
- 4 супени лажици кисела павлака
- 2 чешниња лук
- Малку магдонос
- 200 гр урда
- Половина кафена лажица оригано
- 5 гр мелен црн пипер
- 200 гр кашкавал
Начин на подготовка
Најпрво, потребно е да ги подготвите пиперките. Во овој рецепт, се користат половини, но по ваша желба, може да ги приготвите и цели.
Измијте ги пиперките, исечете ги и отстранете ги нивните семиња. Поставете ги исечените половини во сад за печење (претходно премачкан) и поставете ги така пиперките во рерна, на 180°C, за 20 минути.
Во меѓувреме, подгответе го филот со кој ќе ги наполните пиперките. Ситно исечете го кромидот, а морковите- изрендајте ги. Испржете ги малку овие две состојки, но одделно.
За да го подготвите филот, измешајте ги испржениот лук и морковите со исечените зачини, урдата, оревите и лукот. Додадете сол, мелен црн пипер и зачини и добро измешајте ги сите состојки заедно. Доколку не претпочитате урда, слободно може да ја замените истата со полусварен ориз.
Наполнете ги половините од пиперките со добиената вкусна смеса, а одозгора премачкајте ги со киселата павлака. Повторно вратете го садот во рерната, да се пече дополнителни 20 минути. Неколку минути пред специјалитетот да биде готов, одозгора нанесете рендан кашкавал и малку мелен црн пипер.
Пријатен апетит!