7 брутално искрени причини зошто добрите момчиња потешко наоѓаат партнерки
И покрај тоа што жените најчесто тврдат дека покрај нив сакаат добро момче, сепак тоа полесно се заљубуваат во т.н лоши момци. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?
Денес ви откриваме 7 брутални искрени можни причини, поради кои според експерите, добрите момчиња немааат среќа во љубовта:
1. Карактерот на добрите момчиња не е толку привлечен
Никој не може да биде (премногу) добар цело време. Доколку сте премногу зафатени во обидот да бидете најдобри во светот (наместо едноставно да бидете природни и свои), жените веројатно инстинктивно ќе избегаат од вас, претчувствувајќи дека не се претставувате во вистинско светло.
2. Немаат самодоверба
На вашата партнерка првично може да й се допадне идејата да го контролира секој ваш чекор, но дури и да е така, тоа многу брзо би им здосадило на сите дами. Доколку барате дозвола и одобрување за секоја одлука, вашата партнерка наскоро може да почне да се чувствува како ваша мајка.
3. Тие се предвидливи
Брутално искрен факт е дека предвидливоста е здодевна. Повеќето луѓе многу лесно се впуштаат во рутина и затоа сигурно не сакаат партнер во нивниот живот, со кој ќе го знаат секој следен чекор.
4. Лошите момчиња се предизвик
Жените се склони кон размислување дека ќе можат да го сменат партнерот и да го вратат на вистинскиот пат, иако во се случува ретко.
Понекогаш тие ги гледаат лошите момци како свој проект и веруваат дека ако направат совршен човек, истиот засекогаш ќе остане со нив.
5. Добрите момчиња понекогаш директно откриваат дека се слаби
Во некои случаи, на прв поглед е јасно дека добрите момци се плашат од губење на партнерката. Иако емотивноста не е лоша, никој не сака да го помине својот живот убедувајќи го партнерот дека вистински го сака и дека никогаш нема да го остави.
6. Веднаш разговараат за заедничко живеење и брак
Ова може да биде доста застрашувачко. Не правете го ова на првииот романтичен состанок, а не го правете ниту на десеттиот.
7. Лошите момчиња се привлечни
Кога станува збор за интимност, некои дами не сакаат само нежно галење. Наместо тоа, тие сакаат да доживеат вистинска огнена страст во креветот и затоа стравуваат дека со доброто момче тоа нема да го доживеат.