4-те најбесмислени апарати за домаќинство, за кои едноставно не би требало да давате пари
Во денешно време, животот на луѓето стана неверојатно удобен, благодарение на бројните измислени дизајни кои се создадени со цел значително многу да ни го олеснат секојдневието.
Сепак, понекогаш размислувајќи за тоа колку уште повеќе може да се достигне врвот на удобноста, одредени дизајнери претеруваат со нивните идеи, а во продолжение ви ги претставуваме 4-те најбесмислени апарати за домаќинство, за кои не би требало да давате пари:
1. Уред за кисело млеко
Киселото млеко може да ги подготвите и на најобичен начин, користејќи го шпоретот што веќе го имате дома, за негова ферментација, наместо да мора да употребите специјален уред само за таа намена.
2. Машина за сладолед
Иако купувањето на машина за сладолед звучи генијално и примамливо, всушност тоа би значело да давате пари за уште еден миксер.
3. Уред за варење јајца
Ова можеби е и еден од најбесмислените, бидејќи кому му е потребен специјален уред за варење јајца, кога истиот резултат ќе го добиеме и ако ги свариме јајцата во сосема обичен сад.
4. Машина за леб
Исто и машината за леб се пркоси на логиката, бидејќи ја има истата намена како и рерната, па затоа не постојат многу добри причини зошто би требало да се даваат пари за истата.