Дали посакувате ентериерот на вашиот дом да изгледа скапо и луксузно, без притоа да мора да платите огромно богатство за да ја постигнете таа цел?

Денес ви откриваме 6 мали тајни на дизајнерите, односно збир од практични и едноставни техники и совети, со кои на евтин начин, ќе го претворите вашиот дом во луксузен сон:

1. Сложени цветни комбинации

Не заборавајте дека 4 ѕидови бојадисани во една боја секогаш може да изгледаат здодевно. Тие не се толку лоша идеја, но сепак ентериерот со цветен акцент по ѕидовите и тапети со необична шара, секогаш ќе изгледаат побогато и поуникатно.

2. Темно дрво

Темните декоративни елементи секогаш многу повеќе го истакнуваат ентериерот. Без разлика дали станува збор за кревет во темна боја или темен под, мебел и слично, тоновите како темно чоколадните го прават домот да изгледа неверојатно луксузно.

3. Дрвен под

Дрвениот под одговара речиси на секој ентериер, а е наједноставниот начин како домот од обичен да го претворите во богат и префинет.

4. Вистински избор на завеси

Завесите ја имаат моќта најбрзо да го променат изгледот на ентериерот, но потребно е да знаете неколку правила. Нивната совршина должина би било тие да бидат над подот 5-7 центиметри и да бидат изработени од квалитетен материјал, а притоа да имаат некој убав детаљ на нивната површина.

5. Скапи детали

Деталите секогаш може да го разбудат ентериерот од сонот на монотонијата. Не станува збор за купување огромно количество на неверојатно скапи додатоци, туку правилен избор на неколку, на изглед, фини работи, како интересни рамки, кадифени перници и слично.

6. Ентериер во еден ист стил

Оваа техника се смета за најмоќна, на која многумина забораваат. Честопати сме сведоци на ентериер кој е комбинација од повеќе стилови, односно кујната е во една боја, спалната соба во различни тонови, но доколку сакате вашиот дом да изгледа отмено и софистицирано, тогаш изберете еден заеднички стил за сите простории.