10-те најчести причини кои предизвикуваат опаѓање на косата, во кои не се ниту сомневаме
Косопадот е проблем со кој речиси секоја жена барем еднаш се соочила. Опаѓањето на косата може да биде подеднакво фрустрирачка појава, како за жените, така и за мажите.
Причините кои ја предизвикуваат оваа непријатна здравствена состојба може да бидат од едноставни со кои може сами да се справиме, до посериозни причини за кои ни е потребна помош од специјалист.
Еве кои се 10-те најчести причини за опаѓање на косата, а во кои не се ниту сомневаме:
1. Физички стрес
Секоја повреда или заболување, вклучувајќи и грип, може да доведе до краткорочен косопад. Косата има програмиран циклус од неколку фази, како што е растењето и самото опаѓање, но секој претрпен физички стрес може да доведе до нејзин шок.
2. Бременост
Ова е исто така едноставен пример за опаѓање на косата, поради физички стрес, иако причината зад тоа е убава. Опаѓањето на косата предизвикано од хормонските промени, не се набљудува само во текот на бременоста, туку и по породувањето. Но, тоа исто така е краткорочно и се враќа во нормала, кога ќе се стабилизираат хормоните.
3. Прекумерено присуство на витамин А
Предозирањето со витамини може да предизвика опаѓање на косата. Решението за тоа е едноставно: Ќе го намалите внесот на витамин А во вашето дневно мени.
4. Прекумерен недостаток на витамин Б
Недостатокот од витамин Б исто така може да предизвика опаѓање на косата. Проблемот ќе го решите со внесување на промени во вашето дневно мени. Најпрво анализирајте го внесот на месо, риба, зеленчуци и плодови, а потоа додадете го и витаминот Б.
5. Недостаток на протеини
Доколку вашето дневно мени содржи многу малку протеини, тогаш тоа може да доведе до забавување на растот на вашата коса. Потребно е да консумирате повеќе протеини во форма на месо, риба, јајца и слично.
6. Наследност
Генетскиот фактор е од решавачка улога за косопадот, особено кај мажите. Погледнете ја косата на вашите баби и дедовци, на родителите, доколку тие започнале рано да ја губат нивната коса, тогаш најверојатно и вие сте изложени на истиот ризик.
7. Хормонски лекарства
Контрацептивните средства не само што може да ја регулираат плодноста, туку и самиот раст на косата. Дисбаланост на хормонската рамнотежа, кој се појавува и за време на менопаузата, доведува до истите непосакувани резултати.
8. Емоционален стрес
Претрпен тежок шок како развод, смрт на близок човек, грижа за тешко болен родител и слично, може да предизвика опаѓање на косата, а тоа се должи на емоционалниот стрес низ кој поминува организамот и самата личност.
9. Анемија
Едно истражување покажало дека 1 од 10 жени, на возраст меѓу 20 и 49 години страда од недостаток на железо, односно има анемија. И оваа причина лесно може да се елиминира. Најпрво потребно е да направите тест на крвта, а потоа да го збогатите вашето дневно мени со храна богата со овој елемент.
10. Драстична загуба на телесната тежина
Диетите и драстичната загуба на телесната тежина спаѓаат во физички стрес, при кој телото започнува да реагира поразлично, а тоа лесно може да се манифестира преку косопад.