Со брашно, шеќер и кисело млеко подгответе ја совршената ужина за вашите деца, а за вас идеалниот десерт со омиленото кафе
За денес ви претставуваме рецепт за десерт чија златна и шеќерна крцкава кора го прави омилен на сите, од најмалите членови во семејството до бабите и дедовците.
Неговата подготовка нема да ви одземе многу време, а се прават и многу лесно и едноставно.
Златни шеќерни триаголници
Потребни состојки
• 500 гр брашно
• 125 гр шеќер
• 2 шолји кисело млеко
• 2 супени лажици масло за готвење
• 1 кафена лажица сода бикарбона
• Шеќер и цимет по ваш вкус
Начин на подготовка
Измешајте го киселото млеко со маслото за готвење, а потоа додадете го и шеќерот и мешајте, се додека не добиете густина како на крем.
Потоа додадете ја и содата и брашното и замесете го тестото.
Протегнете го тестото во слој со дебелина од 0.5 цм, поставете хартија за печење, а одозгора нанесете цимет и шеќер.
Поставете го тестото да се пече во претходно загреана рерна, при што температурата не треба да надминува 180°C, за да не изгори самото тесто.
Доволно ќе биде вкусните триаголници да ги печете во времетраење од 15-20 минути, додека да ја добијат потребната златна боја. Исечете го тестото на парчиња и сервирајте.
Пријатен апетит!