Забоболката може да варира од блага болка до неподнослива мачна болка. За среќа постојат неколку природни лекови кои можете да ги користите за да ја ублажите болката, пред да одите на забар.

Сол и црн бибер

Кога се мешаат заедно, сол и црн бибер формираат одлична комбинација, која функционира чудесно за намалување на Вашата забоболка. Тоа е затоа што двете состојки се со антибактериски, антиинфламаторни и аналгетски својства.
Направете го следново:
Земете црн бибер и сол во еднакви количини и ги добро ги промешајте. Додадете неколку капки вода, за да се формира паста. Нанесете од оваа паста директно на забот и оставете да делува неколку минути.

Лук

Лукот е многу познат и моќен лек за различни болки. Работи неверојатно, кога станува збор за добивање на огромно олеснување од континуирана забоболка. Тоа е затоа што лукот е богат со природни антибиотици и има и други корисни лековити својства, кои помагаат за олеснување на болката. Неколку мелени лукчиња измешајте со малку црна сол. Нанесете директно врз забот за да ја ублажите болката. Можете исто така да џвакате по неколку лукчиња, за да се намали болката.

Каранфилче

Каранфилчето има антиинфламаторно дејство, антибактериско, антиоксидантно дејство, кои играат важна улога во намалувањето на болката и борбата против инфекција. Измешајте ги мелените зрна во малку маслиново или растително масло и нанесете ја смесата врз забот.

Кромид

Кромидот има антисептички и антимикробни својства, кои можат да донесат големо олеснување при забоболка. Тие исто така помагаат за убивање на бактериите кои предизвикуваат инфекции. Ако имате забоболка направете го следново: Џвакајте свеж кромид неколку минути. Ова ќе помогне за да се ублажи болката. Ако не сте во состојба да го џвакате, едноставно ставете парче свеж кромид директно на болниот заб или непцата.