Хороскоп за денес, 04 мај
Овен
Некои од Овните се загрижени за односите со човек на чија помош се потпираат. Ова ќе Ви претставува пречка да бидете доволно активни на работното место. Обидете се да не подлегнувате на состојбата и дејствувајте разумно.
Бик
Голем дел од пречките кои ќе се појават за деловни и лични прашања, се ваша вина. Пропуштате важни работи за сметка на неважни. Слушнете што Ви зборуваат луѓето околу вас, на кои верувате, тие ќе Ви помогнат. Потоа можете да се потпрете на лична шанса, која не е за занемарување, за да го постигнете посакуваниот успех.
Близнаци
Продуктивен ден на професионален план. Повеќето од Вас ќе дејствуваат речиси категорично за решавање на тековните проблеми. Ќе имате пријателска поддршка и добри совети, прифатете ги безрезервно. Некои може да бидат разочарани од судски односи за имот.
Рак
Раковите се тврдоглави денес, ќе се радуваат на бенефиции во работниот однос, но не и материјални. Не дозволувајте грешката да ја барате од шефовите или да сакате приватен разговор со нив, сега не е време. Кај многумина претстои процес на преоценка, кој ќе предизвика промени како во личниот, така и во професионалниот живот.
Лав
Непријатност во расположението наутро ќе доведе до одложување на некои работни задачи. Денес треба да се потпирате претежно на контактите, во многу случаи ќе преминат во блиска комуникација или деловни коктели.
Девица
Денес вие сте многу активни, ќе имате многу бизнис ангажмани и вечерта ќе се зачудите колку работа сте завршиле. Многу добра можност ќе ви понудат контактите и познанствата со нов човек на пријателска забава. Некои ќе имаат профитабилен предлог, но не верувајте на празни зборови.
Вага
За овој знак четврток е ден за совршеност, не се ограничувајте и ќе се радувајте на добри резултати кои ќе Ви ја зголемат платата. Можете да сметате и на влијателна помош во врска со развојот на работите. Дејствувајте во рамките на законите и гледајте да го завршите планираното.
Шкорпија
Вие сте загрижени бидејќи не можете да решите некои домашни проблеми, обично тоа се должи на лоша проценка, тактика и занемарување на важни фактори. Размислете, отфрлете од умот сè што изгледа примамливо, најголема потреба во овој момент имате од парите.
Стрелец
Денес може да не успеете во плановите, бидејќи си создавате пречки. Имате сомнеж кон околните. Четврток ќе биде успешен за оние чија работа е поврзана со патувања. Други ќе добијат бенефиции од долготрајна активност. Трети, кои долго очекуваа помош од некого, конечно ќе ја добијат и можат да се потпрат на успех.
Јарец
Денешниот ден ќе започне со проблеми дома, што се рефлектира врз вашата активност, и во текот на целиот ден ќе бидете расеани. Евентуално патување денес е добро за Вашите бенефиции. Внимавајте, финансиски проблеми ќе се јават кај некои од Вас.
Водолија
Четврток ви е тежок ден, но не очајувајте и не прекинувајте да ги исполнувате своите обврски. На ваша страна се професионализмот, дипломатијата и коректниот начин на дејствување, што секогаш и секаде е плус. Ќе имате позитивни деловни контакти, некои ќе постигнат конкретни аранжмани. Од денес започнува период на промени – прво во вашиот дом, а потоа и во сите сфери на животот.
Риби
Неочекувани пречки ќе Ви ги одложат договорените средби денес, што ќе предизвика недоверба и сомнеж во туѓата лојалност кај некои Риби. Но денот е доста добар за финансиски операции и бенефиции. Бизнисмените ќе добијат известување – покана за активност во нова сфера.