7 чудесни својства на обичниот домашен сапун, за кои малкумина знаат
Иако денес покрај толку бројни производи на пазарот, сепак модата на домашниот сапун не завршува. Покрај за вообичаеното перење и чистење, тој има и дури необични употреби.
Во продолжение ви претставуваме 7 чудесни својства на домашниот сапун, кои со сигурност ќе ве натераат уште денес да ги пробате:
1. За густа коса и против првут
Доколку посакувате да ја згуснете вашата коса или да се ослободите од првутот, тогаш за таа цел, нема подобро средство од домашниот сапун. Најпрво измијте ја косата со вообичаен шампон, а потоа повторно измијте, но овој пат со домашен сапун. Исплакнете со вода, во која претходно сте додале неколку капки оцет.
2. За чувствителна кожа
За успешно да ја избегнете појавата на иритација и дразнење на кожата по депилација, тогаш нанесете домашен сапун на вашата кожа.
3. За подмладување на кожата
Практикувајте да го миете лицето со домашен сапун двапати неделно, за да ја подмладите вашата кожа. По третманите, потребно е да нанесете крема за лице.
4. При настинка
Домашниот сапун ќе ве спаси од настинките, доколку го започнете нивното лекување уште на почетокот. Подгответе раствор од домашниот сапун, во истиот потопете памучен туфер и потоа со истиот поминете преку површината на ноздрите.
5. При габички
Домашниот сапун е одлично природно средство кое ефикасно се бори против габичките на стапалата. Измијте ги вашите стапала со домашен сапун, употребувајќи и четка, а потоа нанесете и јод на кожата.
6. Модринки и отоци
За да се ослободите од овие несакани појави, растворете домашен сапун во вода и истиот нанесете го врз вашата кожа. Практикувајте го третманот неколку пати дневно.
7. При изгореници од Сонце
Во случај на изгореници од Сонце, нанесете од домашниот сапун на засегнатите места и оставете го истиот да се исуши. Тоа ќе ви помогне да ја спречите појавата на вцрвенувањето на кожата и појавата на меури.