Превенција против мамурлак
Пред да пиете алкохол – јадете
Алкохолот се апсорбира побрзо, ако стомакот е празен. Ако не сакате да се држите за масата уште по првиот пијалок, прво јадете.
Пијте бавно
Пиењето не е трка. Смирете ја малку жедта. Ограничете се со пијачките.
Пијте вода помеѓу пијалоците
Пиењето вода ќе ви помогне да останете хидрирани. Покрај тоа, ќе пиете помалку алкохол, бидејќи стомакот ќе ви е полн.
Не користете лекови
Некои луѓе пијат лекови, за да ги спречат симптомите на мамурлак. Бидете внимателни кога ги земате, бидејќи може да го оштетите црниот дроб, ако сте испиле поголемо количество алкохол.