Превенција против болки во грбот
Вежбајте
Одењето и пливањето се добар избор за прицврстување на мускулите на грбот. Стомачните вежби помагаат на мускулите во областа на половината и грбот да се справат со својата улога. Флексибилноста на бутовите и колковите и помага на хип коската да го подобри чувството во грбот.
Одржување на здрава тежина
Ако имате неколку килограми повеќе од нормата, тоа сигурно ги товари мускулите на грбот. Значи не грижете се само за формата на нозете, туку и за грбот, на кој воопшто не му е лесно.
Седете убаво
Ако треба да седите долго време, ставете ги нозете на ниско столче, за да тргнете малку од товарот кој паѓа на половината. Добрата положба на седење го намалува обемот на напон кој паѓа на ‘рбетните мускули. Ако треба, користете дополнителна перница за поддршка на грбот. Менувајте ја често позицијата, барем на секој половина час.