Еве зошто понекогаш ни треперат ( „играат“ ) очите
„Играњето“ на окото и спазмите при очните капаци може да се појават наеднаш, а да траат со денови, недели, па во некои случаи, дури и со месеци.
Добрата вест е што ваквото треперење на окото не може на ниту еден начин да му наштети на нашиот вид.
Причината за ваквото играње на окото се должи на зголеменото производство на хормонот одговорен за стресот и заморот, потоа на степенот на напрегање на очите, прекумерената консумација на коефин и пушењето цигари, но причина може да биде и сувоста на очите, појавата на одредени видови алергии, како и недостатокот на витамини и минерали во организамот.
Во ретки случаи, окото може да трепери и како резултат на одредени здравствени состојби како проблеми со нервите на лицето, нивна парализа или пак, воспаление на очниот капак.
При вакви ситуации, вообичаено се засегнати обете очи, а тоа значи дека ви е неопходен повеќе одмор, квалитетен сон и зголемена физичка активност.
Доколку пушите цигари и прекумерено консумирате кофеин, обидете се истите да ги намалите колку што е можно повеќе.
Доколку треперењето продолжи на подолг временски период, посетете лекар.