Воодушевувачка фотографија ни прикажа што се случува со коските на мајка која се породува
Фотографијата од една мајка која го покажува неверојатниот начин на кој се менуваат и прилагодуваат телата на жените за време на бременоста стана вистински Интернет хит!
На фотографијата е прикажана жена сместена во просторијата за раѓање за време на породувањето, потпрена на болничкиот кревет, со присуство на бројни акушерки и медицински сестри.
Она што многумина го коментираа, сепак, е видливата испакнатост на долниот дел на грбот на жената, што покажува како телото на жената, особено карлицата, може да се прилагоди и да се придвижи за време на бременоста.
Фотографијата првично беше објавена на Инстаграм од Норт Далас Дулас, кои напишаа: „Нашите тела се зачудувачки! Обожаваме што сме сведоци н оваа величественост!“
Потоа, тие објасниле дека испакнатоста всушност е состојба позната како ромб на Мајклис или сакрален ромб, кој вклучува три долни пршлени, кои се движат наназад во текот на втората фаза од бременоста, па оттука испакнатоста прави да изгледа како коските да се испакнати.
Погледнете ја во продолжение неверојатната фотографија: