Крем карамел во тиква: Неверојатно есенско задоволство, кое се топи во уста
Кој не обожава крем карамел? Слаткиот десерт е одличен завршеток на секој вкусен ручек или вечера, а денес ви откриваме еден уште поуникатен рецепт за ова задоволство.
Станува збор за крем карамел во тиква. На овој начин, задоволството ќе биде двојно, насладувајќи се на кремот со вкус на карамела и слатката, испечена тиква. Еве како да го приготвите овој рецепт:
Крем карамел во тиква
Потребни состојки
- 1 средно голема тиква
- 500 мл пресно млеко
- 4 супени лажици шеќер за кремот
- 4 супени лажици шеќер за карамелата
- 4 јајца
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
Начин на подготовка
Исечете го горниот дел од тиквата и добро издлабете ја нејзината внатрешност, притоа истовремено отстранувајќи ги семињата.
Потоа со 4-те лажици шеќер, пригответе ја светлата карамела. Добиената карамела излејте ја на дното на тиквата.
Измешајте ги јајцата со преостанатиот шеќер, до добивање мека пена, а потоа додадете ја и ванилата.
Добиената смеса додадете ја во тиквата, врз карамелата.
Поставете ја тиквата во длабок сад и наполнете го истиот со вода, така што водата ќе ја покрие тиквата до 2-3 центиметри под работ.
Поставете го крем карамелот во тиквата и печете во претходно загреана рерна на 150°C, во времетраење од 2.5 часа.
На крај извадете, почекајте десертот да се излади, а потоа послужете и насладувајте се на истиот.
Пријатен апетит!