Изберете една слика и откријте што ви претстои овој Октомври
Сконцентрирајте се, сместе се удобно, во пријатна и мирна атмосфера, а потоа внимателно погледнете ја следната фотографија составена од 6 сцени.
Вашиот избор открива што ви претстои овој Октомври, а одговорот може да го пронајдете веднаш под фотографијата:
Одговори
Сцена бр. 1
Иако на почетокот на Октомври може ќе ви изгледа како животот да застанал, сепак тоа воопшто не е така. Уште во првите неколку дена од месецот, судбината ќе ви даде можност за нов почеток и можност да се ослободите од негативните мисли. Повеќе спортувајте и негувајте го здравиот начин на живот, кои ќе ви бидат од голема помош.
Сцена бр. 2
Вториот месец на есента може да биде чудесно време, не само за остварување на зацртаните цели, туку и конечно на пронаоѓање мир во себе, на вистинското место. Во Октомври важно е да одвоите време за себе и за вашите лични потреби, притоа да не се плашите да побарате помош и така ќе успеете да се справите со сите потешкотии.
Сцена бр. 3
Октомври е чудесно време за самореализација. Во овој период можете спокојно да отидете некаде на есенски одмор, да го проширите вашиот круг на пријатели и да воспоставите нови цели во вашиот живот. Доколку се чувствувате тажни и осамени, никако не се затворајте во себе, бидејќи ќе ја пронајдете вашата сродна душа.
Сцена бр. 4
Патот кон остварување на сонишата знае да биде трнлив, но треба да чекорите по него гордо, без откажување, со очите насочени кон вашиот успех. Во текот на овој Октомври може неочекувано да се соочите со одредени непријатности, но важно е да не се откажувате, бидејќи на крај вашиот труд ќе биде значително награден.
Сцена бр. 5
Октомври е идеално време да ги исполните вашите желби. И покрај тоа што до Нова Година има време, дозволено е уште сега да ги направите вашите моменти волшебни. Ќе добиете пријатни покани за дружење, како и супер можности за патувања, а тоа ќе биде од голема корист за вашиот живот, особено за вашиот бизнис, бидејќи така ќе ги проширите вашите деловни контакти.
Сцена бр. 6
Октомври е совршен период за најамбициозните, а тоа сте токму вие. Нема да се задоволувате со малку. Промена на работното место, селидба, нови планови и смели предизвици ќе го исполнат вашето секојдневие, а тоа ќе ве исполнува неверојатно.