5 едноставни работи кои треба да ги направите доколку сакате вашите гради да изгледаат совршено и без градник
Кога слабеете и веќе сте изгубиле доволно телесна тежина, токму тогаш настанува нов проблем, а тоа како да ги затегнете градите, за да истите секогаш изгледаат совршено.
Иако надвиснувањето на градите е сосема нормална реакција и начин на кој телото одговара на губењето на тежината, многу жени може да се чувствуваат несигурно поради новиот изглед на нивните гради.
Точно е дека ткивото на дојка не може целосно да се врати во првобитната состојба, но вистинската комбинација на вежби и здрава исхрана дефинитивно може да ја подобри ситуацијата.
1. Практикувајте вежби за целото тело, не само за градите
Точно е дека тренирањето и активирањето на мускулите на градите е клучот за поцврсти и затегнати гради. Но, технички, не можете да ги “кревате” градите затоа што тие главно се состојат од масни и млечни жлезди.
Но, она што можете да направите е да ги зајакнете мускулите во близина на градите за да ги направите позабележителни и поиспакнати. Доколку сакате да видите резултати, активирајте го целиот горен дел од вашето тело.
2. Обратете внимание на држењето на вашето тело
Правилното држење на вашето тело не само што ви дава подобар изглед, туку и го елиминира непотребниот стрес при зглобовите и ткивата. Доброто држење на телото помага рамномерно да се распространи тежината и ја спречува појавата на болка во градите и грбот.
Доколку имате проблеми со држењето, тогаш секогаш замислете дека сте потпрени на ѕид.
3. Изберете го вистинскиот градник
Неопходно е да се избере вистинскиот градник кој обезбедува доволна потпора на градите за време на вежбањето, притоа намалувајќи ја напнатоста на истите.
Вистински градник треба да го намали движењето на дојката, но не треба да биде премногу затегнат за да не се ограничи протокот на крв.
Секогаш носете градник кога вежбате или трчате, но имајте на ум дека не мора да го носите цело време, на пример додека пешачите.
4. Усвојувајте правилни навики во исхраната и одржувајте здрава телесна тежина
Се разбира, здравата исхрана сама по себе не може целосно да ги врати „надвиснатите“ гради во нивниот првобитен изглед. Сепак, придржувањето кон урамнотежена диета ќе ви помогне да избегнете постојано варирање на тежината, што ќе ви биде од голема помош.
Консумирајте многу здрави масти како риба, масло, ореви и авокадо кои можат да го подобрат изгледот на вашата кожа и да ги направат вашите гради поцврсти.
5. Масирајте ги вашите гради
Масажата на градите може да ви помогне во подобрување на протокот на крв и зајакнување на ткивото. Масирајте ги градите секој ден во нагорни движења, во времетраење од 10 до 15 минути.
Можете исто така да користите различни масла во зависност од состојбата на вашата кожа. На пример, маслиновото масло е одличен извор на антиоксиданти кои можат да ја подобрат текстурата и еластичноста на кожата.