Копирајте го генијалниот трик на оваа мајка и обезбедете си неколку минути одмор од вашите деца
Децата имаат бесконечно количество на енергија, а тоа може да биде доста исцрпувачко за родителите. За среќа, една мајка успеа да ги задржи децата мирни барем на еден момент и сега го открива нејзиниот генијален трик.
На Џесика Д’Ентремонт, која е мајка на две девојчиња на возраст од 3 и 4 години, й беше потребен неколку минутен одмор кога се врати од работа. За да престане да трча низ куќата по нејзините енергични девојчиња, таа брзо се досетила како да успее да ги смири децата, а на тој начин и таа да одмори.
Џесика ги отстранила лепливите ѕвезди од ѕидот кои блескаат во темно и им рекла на девојчињата дека да ги стават на нивната облека, притоа да легнат и да бидат мирни, за да ѕвездите може да се наполнат и вечерта да можат да заблескаат.
„Неверојатно е бидејќи всушност трикот функционираше!“- рече Џесика.
Смешната фотографија што ја објави мајката на Фејсбук веќе доби над 204.000 допаѓања и 64.000 коментари, а е споделена неверојатни 123 000 пати.
„Дефинитивно ќе го пробам ова, благодарам!“, „Вреди да се проба“ и „Погодете што ќе добијат децата за Божиќ“, беа само неколку од коментарите на останатите родители.
Колку и бизарен можеби изгледа трикот, сепак тој се покажа како корисен, барем за генијалната мајка.