4 домашни маски со сода бикарбона за одлични ефекти: Ја прочистуваат, обновуваат, навлажнуваат и затегнуваат кожата
За жал, не секој може да си дозволи редовно да ги посетува козметичките салони, но пак секоја жена може да одвои 10 минути пред спиење за домашен третман, со ефикасни резултати.
Сода бикарбона за таа цел е незаменлив и универзален производ. Ефектот од нејзината употреба се забележува за многу брзо време, а во продолжение ви претставуваме 4 маски со оваа состојка кои ја прочистуваат, обновуваат, навлажнуваат и потхрануваат кожата.
Изберете ја вашата омилена и подолу прочитајте како да ги приготвите:
1. Маска за длабинско прочистување на порите
Измешајте 1 кафена лажица сода бикарбона со 3 сомелени таблети активен јаглен. Додадете вода и добро измешајте, до добивање густа смеса.
Со масирачки движења нанесете ја маската на вашето лице, оставете да отстои 5 минути, а потоа исплакнете со топла вода. На крај, нанесете крема за лице со омекнувачки ефект.
2. Освежувачка пилинг – маска
Измешајте половина кафена лажица сода бикарбона со 1 кафена лажица овесно брашно и 1 супена лажица павлака. Добиената смеса нанесете ја на лицето со нежни масирачки движења. Оставете ја маската да отстои 10 минути, а потоа исплакнете ја кожата со топла вода. На крај, избришајте ја кожата со тоник за лице.
3. Потхранувачка маска
Измешајте сода бикарбона и масло за готвење во сооднос 1:1. Нанесете ја смесата на површината на лицето и оставете ја да отстои 20 минути. Отстранете го остатокот од маслото со салфетка, а потоа прво исплакнете го лицето со топла, па следно и со ладна вода, без да употребувате сапун.
4. Затегнувачка маска
Измешајте 1 кафена лажица сода бикарбона, 1 белка и 1 кафена лажица мед. Нанесете ја добиената смеса на лицето и оставете ја да отстои 15 минути. Исплакнете со топла вода, а на крај нанесете навлажнувачка крема за лице.