7 трикови кои ќе ви помогнат да ја миете косата поретко, а истата да биде чиста и блескава подолг временски период
Популарната Ким Кардашијан во една пригода откри дека секој 5-ти ден ја мие својата коса, иако постојано е под будното око на јавноста, па зошто тогаш просечната жена оваа навика да ја практикува секојдневно?
Најверојатно веќе сте забележале дека колку почесто ја миете косата, толку почесто таа станува масна и така влегувате во еден маѓепсан круг, од кој ви се чини дека не постои излез.
Но, без грижи, следните трикови, споделени од светските фризери ќе ви помогнат да ја одржите свежината и чистотата на вашата коса, без да мора истата да ја миете пречесто.
1. Планирајте ги вашите фризури
Планирањето на фризурите ќе ви дозволи поретко да ја миете косата. Стилистите на Ким Кардашијан ја практикуваат следната работа: Првите неколку дена, славната ѕвезда е со пуштена коса, а последните денови е со врзана или соберена коса, при што така овој итар трик ќе ви помогне да намалите со миењето на косата.
2. Професионално нанесувајте го шампонот
Најпрво, потребно е водата да биде со умерена температура. Добро навлажнете ја косата, а потоа нанесете шампон со обем на 1 монета, на вашата дланка. Распространете го истиот на вашите дланки, а потоа со кружни движења, нанесете го на вашата коса.
Плакнењето на косата треба да биде, односно да трае двапати подолго од процесот на триење на шампонот. По миењето, не треба да има остатоци од шампон.
Завршете го миењето со студена вода, за да влакната на косата бидат добро обликувани и блескави.
3. План за миење
Најдобро е постепено да го намалите миењето на косата во текот на неделата, за да може, за да може да се воспостави баланс при лачењето на жлездите, при што на овој начин ќе дојдете до посакуваната цел, а тоа е да се одвикнете од секојдневното миење на косата.
4. Сув шампон пред вежбање
Употребата на сув шампон по вежбањето е речиси бескорисно, бидејќи косата веќе ќе биде премногу масна. Затоа најдобро е шампонот за суво миење да го нанесете пред да вежбате, за да ефикасно се апсорбира самата пот.
5. Редовна промена на навлаката на вашата перница
Спиењето на чиста навлка т.е чиста перница не само што е пријатно, туку и корисно за косата. По одреден период, постепено на навлката се наталожуваат клетките од епидермисот и остатоците од козметичките производи, што ја прави навлката погодна средина за размножување на бактериите.
Менувајте ја навлаката еднаш неделно, а доколку косата ви е премногу масна, тогаш менувајте ја навлаката двапати неделно.
6. Лимонада за коса
Миењето со сок од лимон ефикасно ги отстранува масните наталожувања, создава природен сјај и за подолг временски период ја прави косата свежа и со волумен.
За подготовка на оваа лимонда, потребно е во 1 литар топла вода да поставите парче свеж лимон и со добиената течност, да го масирате вашиот скалп.
7. Кренете ја косата повисоко
Додека сте дома, кренете ја малку повисоко вашата коса, користејќи шнола. Овој трик ќе ја направи вашата коса да изгледа попријатно, при што кога ќе ја отстраните шнолата, ќе имате дополнителен волумен.