На овие 3 козметички производи не вреди да трошите пари
Козметичката индустрија навистина знае како да ги примами клиентите со нови производи. Додека некои од нив нудат иновативни решенија за секојдневните проблеми поврзани со убавината и прават видлива разлика, други се сосема бескорисни.
За жал, невозможно е да знаете дали производот е квалитете, пред да го купите и испробате, но генерално, постојат три козметички производи кои навистина немаат друга цел освен да ги потрошат вашите пари:
1. Антицелулитни креми
Би било прекрасно кога една крема едноставно би можела да го избрише целиот целулит од телото, но за жал тоа сè уште не е возможно. Бројните ветувачки производи генерално ја навлажнуваат само кожата, а во борбата против стриите најдобро сепак помага редовното вежбање и соодветната исхрана.
2. Спреј за тело
Не трошете пари на нешто што можете сами да го направите – бесплатно. Единствениот ефект од ваквиот спреј е тоа што овој производ нуди краткорочно освежување.
3. Лосиони за одредени делови од телото
Не ви требаат посебни лосиони за стапалата, петите и лактите … Тоа е претежно ист производ, спакуван во различни пакувања. Обичен лосион наменет за цело тело е подеднакво функционален.