Со настапувањето на студеното време, прашањето за затоплувањето станува актуелно во сечиј дом. Прозорецот е првата работа која треба да ја изолирате, за да подоцна не настанат дополнителни проблеми.

Знаете ли дека постои нешто што се нарекува летен и зимски режим на прозорците? Денес ќе ви раскажеме токму за оваа мала, но многу важна тајна, која би требало секој да ја знае.

Следниот трик исто така ќе ви помогне да заштедите пари во текот на зимскиот период.

Тоа е особено важно за оние кои живеат во куќа, каде што нема централно затоплување или во моментот, кога веќе надвор температурите опаднале, но парното затоплување сè уште не е пуштено.

Тајната се состои во тоа што сезонскиот режим на ПВЦ прозорците може да биде променет.

Сезонскиот режим на прозорците е многу корисна работа, која во текот на летниот период ви дозволува да го намалите притисокот меѓу внатрешниот дел на рамката и гумената обвивка, при што на овој начин му се дозволува на воздухот слободно да циркулира.

Но, во текот на зимскиот период, функционира обратно- притисокот се зголемува, при што топлината се задржува во внатрешниот дел на домот.

Сето тоа е одлично, но за да го примените трикот, најпрво треба да проверите дали кај вашите прозорци постои можност за промена на сезонскиот режим. За да го направите тоа, треба да ги разгледате шрафовите на бравите од самата страна на прозорците. Доколку имаат отвор за шестоаголен клуч или овална форма, тогаш тие прозорци може да се регулираат преку сезонски режим.

Во основа, трикот е многу едноставен. Неопходно е да го завртите шрафот кон десно или кон лево за 90 степени, во зависност од тоа во кој режим сакате да поставите прозорците. Направете ја постапката внимателно.

Најпрво, пронајдете ги сите шрафови на крилото, нивниот број може да варира во зависност од размерот на прозорецот или од самиот произведувач. Секој шраф треба да биде променет за 90 степени, бидејќи во спротивен случај, нема да го добиете посакуваниот резултат.

За да го промените режимот на прозорецот, ќе ви биде неопходен и соодветен алат. Клештите исто така може да ви завршат работа, но не ви ги препорачуваме, бидејќи истите може да го оштетат нежниот механизам за регулирање.

Исто така важно е да знаете дека не мора шрафовите да ги свртите до крај. Истовремено, вртете ги бавно и постепено, точно за 90 степени.

За да проверите колку е притиснат прозорецот, ќе ви биде потребен лист хартија. Притиснете го крилото и обидете се да го извлечете листот. Доколку хартијата потешко, тогаш прозорецот е поставен во зимски режим.