5 лесни трикови како да ја сочувате бојата на вашите темни алишта и да го спречите нивното избледнување при перењето
Сите ги знаеме предностите на облеката во црна боја. Црните алишта нè прават да изгледаме послабо и поелегантно. Тие може да ви помогнат да ги истакнете вашите квалитети, а ефикасно да ги сокриете недостатоците.
Но, црните алишта, како и сите останатите темни бои, изгледаат навистина неубаво, кога избледнуваат. За таа цел, во продолжение ви откриваме како правилно да ја перете темната облека, така што подолго ќе ја задржат нивната боја и ќе изгледаат беспрекорно.
5 лесни совети како да ги правилно да ги перете темните алишта
1. Обидете се помалку да ја перете темната облека
Колку и да се обидувате да ги негувате вашите алишта, сепак факт е дека процесот на перење ќе измие и дел од самата боја. Но, можете да го ограничите избледнувањето, така што поретко ќе ги перете темните алишта, односно само во случај кога тоа е неопходно. Сепак, и покрај тоа, црната долна облека и чорапите е потребно да се перат веднаш по нивното носење.
2. Професионално сортирање
Кога ги распределувате алиштата за перење, обидете се да ги организирате темните алишта во еден куп. Бојата истекува за време на перењето, но доколку во машината нема светли алишта, кои ќе бидат во допир со темната облека, тогаш црната боја повторно ќе се апсорбира назад во облеката.
3. Свртете ја облеката однадвор
Црната боја избледнува поради триењето кое настанува, кога алиштата се движата внатре во машината. Свртувањето на нивниот материјал кон надвор, ќе го заштити нивниот надворешен изглед.
4. Изберете правилна температура на водата
Топлата вода го поттикнува процесот на избледнување на темната боја, при што важно е да не заборавите секогаш да ја користите најладната температура на вода, кога ќе ја перете вашата темна облека.
5. Избегнувајте го Сонцето
Избегнувајте да ги сушите алиштата надвор, изложени на Сонце, бидејќи истото ќе придонесе за избледнување на нивната темна боја. Наместо тоа, поставете ги да се сушат на место, подалеку од сончевите зраци.