Млечно пилешко месо со компири- Извонреден специјалитет, на кој можете бескрајно да му се насладувате
Доколку обожавате пилешко месо со компири, тогаш оваа уникатна верзија ќе го освои вашето срце. Пилешкото претходно се маринира во кисело млеко, што го прави божествено меко и кревко!
Млечно пилешко месо со компири
Потребни состојки
- 5-6 компири (околку килограм)
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
- 600 гр пилешко месо
- 2 главици кромид
- 1 чаша кисело млеко
- 2 поголеми домати
- Кашкавал
Начин на подготовка
Исечете го кромидот на полумесечини. Измијте го пилешкото месо и исечете го на парчиња. Поставете го во голем сад, заедно со кромидот. Додадете сол и мелен црн пипер по ваш вкус, а потоа додадете го и киселото млеко и добро измешајте ги сите состојки заедно. Оставете го месото да отстои во маринадата на ладно, во времетраење од 1 час.
Исечете ги компирите и распоредете ги на дното од садот за печење, кое претходно сте го премачкале со масло за јадење. Одзгора, врз компирите, додадете го пилешкото месо, заедно со маринадата и порамнете. На врвот, нанесете кругови домат.
Поставете го специјалитетот да се пече во загреана рерна на 180°C, додека да се приготват месото и компирите. Пред крај на печењето, одозгора нанесете рендан кашкавал и печете дополнителни 5-6 минути.