4 видови на храна кои сите ги обожаваат, но предизвикуваат подуеност на стомакот
Правилната исхрана не е само исклучување на одредени штетни производи од вашетно дневно мени, туку потребно е и да се консумира храна која ќе ве направи да се чувствувате што поудобно.
Воедно, не треба да заборавите дека понекогаш и здравата храна може да биде причина за стомачната подуеност, доколку нејзиниот состав не одговара на вашиот организам.
Подуеноста на стомакот не е никаква случајна реакција на организамот. Се подразбира, во многу случаи, причината е индивидуална, но често универзална причина е неправилната исхрана.
Зошто се појавува подуеноста на стомакот
Образувањето на големи количества на гасови е резултат на процесот на ферментација, а шеќерот е најдобриот извор на храна за бактериите, кои се одговорни за тоа.
Токму во продолжение откријте кои 4 видови на храна имаат ваков стостав и може да бидат главни виновници за вашата стомачна подуеност:
1. Кромид
Иако е тешко да се поверува, но кромидот е еден од најслатките зеленчуци, а неговата слаткост се крие зад природниот горчелив вкус. Фруктозата, која е застапена во кромидот, може да предизвика силно образување на гасови во организамот и да доведе до појава на подуеност.
2. Диња
Иако повеќето не можат да одолеат на убавиот вкус на дињата, сепак консумирањето на истата лесно може да предизвика стомачна неудобност.
3. Лук
Лукот содржи големо количество на фруктоза, што дури и при неговото сечење, може да се почувствува леплив допир на прстите. Да, лукот не е само пикантен, туку истовремено и сладок.
4. Капина
Ова исклучително лековито овошје е особено корисно за луѓето кои сакаат да ја зачуваат нивната младост, сепак не се препорачува да се консумира прекумерено бидејќи содржи т.н полиоли, својства кои може да предизвикаат стомачна подуеност.