Рецепт за срце, кој се пренесува од генерација на генерација веќе 800 години
Овој рецепт е дело на Калуѓерка Хилдегард фон Бинген која живеела пред 800 години. Подоцна со рецептот се запознаваат голем број на познати лекари кои го препорачуваат на своите пациенти. Се користи кога ќе почувствувате срцеви проблеми кога ве “сече” срцето, чувствувате тресење, прескокнувања, стрес.
Потребно е:
-10 свежи стебленца магдонос (без корен)
-литар домашно црно или бело вино
-две лажици вински оцет
-300 грама природен пчелин мед
Подготовка:
Десетте свежи стебленца магдонос заедно со лисјата ставете ги во литар чисто природно вино и додадете 1-2 лажици чист вински оцет.
Варете 10 минути на тивок оган. По додавање на 300 грама мед, се остава да се вари уште 4 минути. Смесата додека е уште топла ставете ја во шише. Убаво затворете го. Течноста не е штетна и може слободно да се пие.
Употреба:
Пијалокот се користи секојдневно, по една лажица се до прекин на проблемите. За поголеми проблеми со срцето, потребно е да се користи подолг период.