Рацете ја откриваат нашата возраст, како што тоа го прави и кожата околу самите очи. Иако лицето може да го освежиме со соодветни козметички производи, сепак негата на рацете е малку посложена.

Но, без грижи, со рецептот кој денес ви го откриваме, ќе заштедите и време и пари, а притоа брзо и ефикасно ќе се ослободите од возрасните дамки на вашите раце и притоа вашата кожа едноставно ќе заблеска.

Маска за раце, за ефикасно отстранување на возрасни дамки

Потребни состојки

  • 2 супени лажици сол (По можност, тоа да биде морска сол)
  • 2 супени лажици сода бикарбона
  • 3 супени лажици гел или пена за лице (или било какво прочиствувачко средство за лице)

Начин на подготовка

Доколку употребувате морска сол, потребно е истата претходно да биде сомелена. Истата потоа измешајте ја со содата и на крај, додадете го гелот или пената за лице. Добро измешајте ги состојките, до добивање на една целосно соединета смеса.

Откако маската ќе биде готова, нанесете ја истата на површината на вашите раце, почнувајќи од врвот на прстите и движејќи се во насока на вашите лакти. Распространете ја маската со нежни движења, преку масирање и посебно внимание обратете на кутикулите.

Течната маска за кратко време ќе се зацврсти, а по 10 минути измијте ги вашите раце со топла вода. Резултатот пријатно ќе ве изненади!

Благодарение на ова ефикасно домашно средство, вашата кожа ќе се осветли, ќе стане значително помека и ќе се збогувате со честите проблеми со чувствителните кутикули.

Се препорачува третманот да го практикувате само еднаш неделно и по нанесувањето на маската, не заборавајте да нанесете навлажнувачка крема за раце.