9-те основни причини зошто вашиот метаболизам е бавен и не работи во ваша полза
Една од најчестите причини за зголемување на телесната тежина и слабата ефикасност на диетите е самиот бавен метаболизам во организамот.
Тајната на многу витки дами не гладувањето, или редовната посета на теретаната, туку токму во брзиот метаболизам, а истиот најчесто го стимулираат преку правилен избор на храна.
Денес ви ги откриваме 9-те основни причини зошто би можел вашиот метаболизам да биде бавен и затоа вашето тело не успева ефикасно да се избори против вишокот килограми:
1. Стрес
Нервниот стрес ги забавува метаболичките процеси. Бројни истражувања докажуваат дека за време на стрес, телото на жените согорува 100 калории помалку, отколку кога телото е во спокојна состојба.
2. Недостаток на железо
Железото дејствува како спроводник на кислород до мускулите. Со недостатокот на кислород, нивото на енергија се намалува, а со истиот се забавува и самиот метаболизам. Затоа не заборавајте во вашето дневно мени да ја вклучите храната богата со железо како црниот дроб, бобовите растенија и хељдата.
3. Недостаток на јод
Штитната жлезда директно влијаат врз метаболизамот, затоа е потребно од време на време истата да ја потхранувате, со внесот на јодирана сол, како и консумирањето морски плодови и јајца.
4. Премногу висока собна температура
Лекарите советуваат просториите во домот да се проветруваат, особено пред спиење, а причината за ова не е само уништувањето на бактериите, туку и поради тоа што студот ги активира поткожните масти, кои се одговорни за согорувањето на калории.
5. Погрешен избор на ужина
Честите ужини богати со јаглехидрати само й штетат на вашата фигура. Заменете ги бисквитите, чоколадите и слатките десерти со јаткасти плодови. Полинезаситените киселини кои истите ги содржат, помагаат во зголемување на активноста на хормоните, кои се одговорни за согорување на наталожените масни наслаги.
6. Недостаток на витамин Д
Утринското Сонце го поттикнува нашето тело да се постави во правилниот дневен ритам. Тој од една страна го регулира квалитетот на сонот, количеството на консумирана храна и потрошената енегија. Внесувајте го потребното количество на витамин Д, за да ги активирате метаболичките процеси.
7. Недостаток на млечни производи во вашето дневно мени
Млечните производи содржат корисни супстанци и киселини, кои влијаат во процесот на согорување на масните наслаги и во обновувањето на мускулите. Дополнително, млекото содржи калциум, кој е од огромна важност за регулирањето на метаболизамот.
8. Недостаток на доволно количество вода
За човекот да има нормален метаболизам, потребно е дневно да пие околу 1.5 литри вода. Исто така и зелениот чај ефикасно ги согорува калориите, а бројните природни напитоци за детоксикација, брзо ги отстрануваат токсините од телото.
9. Нередовна исхрана
Хранејќи се неправилно, вие го поттикнувате вашето тело да складира енергија, бидејќи истото не знае дали и кога следно ќе внесете храна во организамот. Консумирањето храна на секои 3-4 часа ќе придонесе за постабилен дигестивен систем, а со тоа ќе го нормализирате и вашиот метаболизам.