Трајно отстранување на влакна со ласер – сѐ што треба да знаете!
Епилацијата е најефикасниот метод за отсранување на несаканите влакна, иако многу луѓе се свесни за тоа, подложат под различни митови и невистини за ласерката епилација кои ги спречуваат на брз и скоро безболен начин да го решат проблемот со несаканите влакна.
Технологијата постојано напредува, а современите дерматолошки ординации нудат решенија кои се одлични и за вашиот естетски изглед и за вашето здравје. Така што стигнама околу ласерската епилација „паѓа во вода“.
Како функционира ласерскиот третман?
Ласерите испуштаат бранова должина на светлина со специфична единствена боја. Кога е насочена кон кожата, енергијата од светлината се пренесува на меланинот на кожата и пигментот на влакното. Но, за да се отстрани влакното трајно и да се минимизираат штетите на околното ткиво, ласерот треба да биде насочен кон специфични клетки. Овие клетки се матични клетки на фоликулот на влакното.
Дали трајно ќе ги отстрани влакната?
Ласерскиот третман може трајно да ја намали густината на влакната или трајно да ги отстрани несаканите влакна.
Постојаното намалување на густината на влакната значи дека некои влакна ќе се повратат по еден курс на терапија и на пациентите ќе им треба повторно третман со ласер.
Трајно отстранување на влакна значи дека ниту едно од влакната во третираната област нема да се појави по еден курс на терапија и не е потребна повторна ласерска терапија.
Дали влакната ќе се отстранат трајно или само намалена во густината, зависи од:
- бојата и дебелината на влакната што се третираат
- бојата на кожата на пациентот
- видот и квалитетот на употребениот ласер и
- компетентност и обука на лицето кое управува со ласерот
Колку третмани ќе ми требаат?
Бројот на третмани што ќе ви требаат зависи од вашиот тип на кожа Fitzpatrick. Ова ја класифицира вашата кожа по боја, нејзината чувствителност на сонце и нејзината веројатност за затемнување. Луѓето со бела кожа, која често гори и не потемнува ќе имаат потреба од 4-6 третмани на секоеи 4-6 недели.
Светло-кафеава кожа, која понекогаш гори и постепено потемнува на сонце, постигнува целосно отстранување на влакната по 6-10 третмани во 4-6 недели. Умерена кафеава до темно кафеава кожа, ретко гори, брзо потемнува.
Луѓето со темни влакна обично можат да постигнат трајно намалување на влакната со 6-10 третмани на секои 4-6 недели. Обично е потребно одржување со 3-6 месечни третмани за повторување.
Дали типот на ласер е важен?
Типот на ласер не само што влијае колку добро ќе функционира целата процедура, тој влијае на вашата шанса за несакани ефекти.
Ординацијата Д-р Анчевски ви го нуди најновиот и најдобриот, број 1 апарат за ласерска епилација во светот. Најефикасната технологија за третирање на светлите влакна.
Со овој ласер третманот е супер брз, практично безболен, безбеден да се прави во секоја сезона и ефикасен за сите типови на кожа.
Станува збор за иновативна платформа во која што се интегрирани трите најдобри ласерски технологии: Alexandrite – ALEX 755NM, Diode – SPEED 810NM, Nd Yag – YAG 1064NM.
Затоа не чекајте, заборавете на сите невистини и митови за ласерската депилација и овозможете си нежно и мазно тело какво што отсекогаш сте посакувале. Професионалците од Д-р Анчевски ве очекуваат, закажете си консултации уште денес.