Штрудли со јаболко кои освојуваат на прв залак: Меки, сочни, мали и со чудесна арома!
Овие мини банички со јаболка ќе ве освојат уште при печењето, кога ќе започне да се шири нивната чудесна арома, а потоа и со нивната мека и сочна внатрешност, исполнета со вкусен фил.
Мини јаболкови штрудли
Потребни состојки
- Половина кг кори за пита
- Стопен путер
- 5-6 јаболка (1 кг)
- 1 кафена лажица цимет
- 8 супени лажици шеќер
- 2-3 супени лажици гриз
- Малку ванилин шеќер
За премачкување на корите
- 2 супени лажици минерална вода
- 2 супени лажици масло за готвење
- Шеќер во прав
Начин на подготовка
Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Потоа кон истите додадете ванилин шеќер и оставете ги малку да отстојат, додека не пуштат малку сок. Следно, нежно исцедете ги, така што ќе останат сочни.
Во еден сад измешајте ги сувите состојки: Шеќерот, гризот и циметот.
Земете една кора, нанесете од растопениот путер и 1-2 лажици од претходната добиена сува смеса.
Следно одозгора поставете ја и втората кора и повторете ги чекорите со путерот и сувата смеса, а потоа додадете малку од филот со јаболка. Свиткајте ги двете кори во форма на ролат и поставете ги во сад за печење, со претходно премачкана површина.
Пригответе ги на истиот начин и следните кори.
Готовите штрудли одозгора премачкајте ги со растопен путер, минерална вода и поставете ги да се печат во загреана рерна на 180°C, додека да ја добијат потребната златна боја.
Пред да ги сервирате, одозгора нанесете шеќер во прав измешан со ванила.
Кулинарски предлог: Доколку посакувате штрудлите да бидат уште повкусни, тогаш во филот може да додадете ореви или суво грозје.
Пријатен апетит!