Моден совет: Како да го изберете правилниот пар на фармерки за вас, при што ќе изгледате многу послабо
Фармерките се универзално модно парче, кое може да се најде во плакарот на секоја жена. Тие се удобни, стојат совршено и притоа нè прават да изгледаме модерно во секој момент.
Денес ви откриваме неколку трикови, со чија помош ќе успеете лесно да го изберете правилниот пар на фармерки за вас, кој воедно ќе ве направи да изгледате значително послаби.
Совет како да ги изберете најдобрите фармерки за вас
Денес постојат толку многу модели на фармерки, што едноставно ни се чини дека е невозможна мисија да го избереме идеалниот пар, односно најсоодветниот за нашата фигура.
Постојат 4 видови на струк кај фармерките: Бразилски низок, низок, среден и висок.
Бразилскиот низок не одговара на секоја дама и притоа на повеќето им стои лошо, бидејќи ги истакнува сите можни недостатоци.
Фармерките со малку повисок струк изгледаат многу подобро. Тие не ги истакнуваат толку мнгу недостатоците на нашата фигура, а притоа помагаат да се создаде ефект на долги фармерки.
Средниот струк е идеалниот избор на сите жени, бидејќи ги сокриваат недостатоците и елегантно ја истакнуваат фигурата, притоа се сметаат и за најудобната варијанта.
Фармерките со висок струк се исто така практична, но и неверојатно модерна варијанта. Совршено одговара на пониските дами, бидејќи помага визуелно нивните нозе да изгледаат подолги.
Кој модел на фармерки одговара на вашата фигура
1. Прав класичен модел
Овој модел уште многу одамна го освои срцето на речиси сите жени. Практичен и удобен, соврешно ги сокрива недостатоците и истовремено одговараат на секој вид на фигура. Најдобро е овој модел на фармерки да го комбинирате со потесна блуза, што дополнително ќе ве направи да изгледате фантастично.
2. Тесен модел
Тесните модели најдобро ги истакнуваат бутовите, при што одговараат на дамите кои се горди сопственички на витка фигура, додека пак за дамите со облини, се препорачува овој модел на фармерки да го избегнуваат.
3. Чарлстоун
Т.н Чарлстоун модел на фармерки е најакутелен за оваа есен, а благодарение на неговиот крој, истиот ќе ви помогне визуелно да ги издолжите вашите нозе и да изгледате многу послабо. Најмногу одговара на дамите со фигура на песочен часовник.
4. Траперки
Класичните траперки повторно се во мода, а истите ќе ги издолжат вашите нозе, додека пак нивната ширина ќе ги сокрие сите недостатоци. Овој универзален модел одговара како и на послабите, така и на дамите со облини.
5. Умерено затегнати со среден струк
Овој модел на фармерки може да се нарече вториот универзален и омилен меѓу дамите. На дамите со облини ќе им помогне да ја направат нивната половина потенка, а нозете подолги.