3 домашни маски благодарение на кои може да се збогувате со назолабијалните брчки
Постојат две критични зони од лицето на жените, при кои најмногу се појавуваат брчки: Околу очите и над горната усна. Вертикалните брчки над горната усна се нарекуваат назолабијални и се појавуваат како резултат на ослабнато поткожно масно ткиво и намалено количество на масни жлезди.
Во таков случај, кожата се протега, се нарушува циркулацијата на крвта и ткивата губат колаген. Особено кај дамите на 40 години, ова може да претставува вистинска непријатност.
Пред да ви откриеме ефикасен начин како да се справите со овој естетски проблем, потребно е да знаете дека неопходно е да направите и превенција, за да не ја влошите состојбата на кожата, а тоа најдобро ќе го постигнете со пиење многу вода, да спиете 7 часа и да употребувате само висококвалитетна козметика за вашата кожа.
Домашни маски за отстранување на назолабијални брчки
1. Маска со краставица
Изрендајте ја краставицата и потоа истата измешајте ја со 1 супена лажица кисела павлака и половина кафена лажица мед. Добиената смеса нанесете ја врз зоната над горната усна и оставете ја да отстои 20 минути. На крај измијте ја кожата, без да употребувате сапун.
2. Маска со банана
Комбинирајте половина банана со 1 супена лажица кисела павлака. Нанесете ја маската, оставете ја да отстои 20 минути, а потоа едноставно исплакнете го вашето лице.
3. Маска со конзервиран грашок
Употребувајќи вилушка, изтолчете 2 супени лажици конзервиран грашок, а потоа истиот измешајте го со 1 супена лажица кисело млеко. Потребно е да добиете доста густа смеса, која е неопходно подеднакво да ја распоредите при површината на проблематичната зона и да ја оставите да отстои 15 минути.