3 маски кои ефикасно се справуваат со ефектот на „мрсна кожа“: Ги прочистуваат порите и даваат совршен тен
Многу луѓе во денешно време постојано се справуваат со проблемот на мрсна кожа, која е пропратена со непријатен ефект, односно дава прекумерен сјај на лицето.
Во принцип, овој проблем со кожата е доста застапен, при што на луѓето со овој проблем, од голема помош ќе им биде практикувањето на следните 3 домашни маски, кој ефиксасно ќе се справат со непријатните последици при ваквиот тип на кожа:
Домашни маски за ефикасно справување со мрсна кожа
Рецепт бр. 1
Потребно ви е малку кисело млеко и памучен туфер. Додадете го млекото во шолја, потоа потопете го памучниот туфер во истото, нанесете го на лицето и оставете го да отстои 15-20 минути. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода.
Рецепт бр. 2
Измешајте белка и малку изрендан лимон, а добиената смеса нанесете ја на површината на вашата кожа и оставете ја истата да отстои 15 минути. По третманот, измијте го лицето со топла вода. Овој вид на маска ќе ги намали порите и ќе го подобри тенот на лицето.
Рецепт бр. 3
Измешајте 1-2 кафени лажици сок од лимон со 20 гр свеж квасец, а потоа додадете 10-15 мл пресно млеко и измешајте ги сите состојки заедно. Нанесете ја добиената смеса на површината на вашето лице и оставете ја истата да отстои 20 минути, а потоа исплакнете на вообичаениот начин со вода. Оваа маска темелно ќе ја прочисти вашата кожа.